logo
logo
logo

Скопје ќе биде домаќин на претквалификациите за СП 2023

Vecer | 08.06.2021

Скопје ќе биде домаќин на претквалификациите за СП 2023

Македонската кошаркарска репрезентација одново се мачи на европска и светска сцена. Откако не успеавме да се пласираме на Европското првенство, одново се најдовме во ситуација да играме претквалификации за да стигнеме до квалификациите за СП 2023 година.

Од ФИБА-Европа дојде една убава вест, претквалификацискиот турнир Македонија ќе го игра во Скопје. Нашите кошаркари се најдоа во групата Ф, заедно со Швајцарија и Словачка.

Во првата фаза, на 12. август, Македонија игра со Швајцарија, два дена е дуелот со Словачка. На 16.август ни следува реваншот со Швајцарија, додека турнирот во Скопје ќе го затвориме на 18.август, со натпреварот против селекцијата на Словачка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk