logo
logo
logo

Скендеровски: Можеби премногу “летнавме“, не коментирам судење, но....!

Vecer | 09.03.2021

Скендеровски: Можеби премногу “летнавме“, не коментирам судење, но....!

Футсал селекцијата на Македонија не успеа да дојде до победа против силната Србија. И не само што не победивме, туку бевме вечерва на свој паркет во “Јане Сандански“ убедливо поразени со 6:1. А убаво почнавме, одигравме одлично на стартот, поведовме, но на крајот Србија дојде до заслужена победа.

Свој коментар по средбата за СПОРТМЕДИА има нашиот селектор Васко Скендеровски.

Што да се каже по еден ваков меч. Видете нас очигледно е дека не понесе еуфоријата по тие 1:1 од Врање, како премногу да “летнавме“ и веројатно погрешивме што тргнавме во мечот да се надигруваме со екстремно силната селекција на Србија која одигра, барем во првата фаза од мечот како што требаше ние да одиграме. Таа се бранеше, требаше ние тоа да го правиме. Познато е дека судењето никогаш не сум го коментирал, но сметам дека во најмала рака беше некоректно. И пеналот за 1:1 и фаулот за 1:2, навистина беа чудни нивните одлуки. Ако нешто ви значи, а тое дека на полувремето, но и по средбата, самите членови на селекцијата на Србија ми признаа дека и тие не би го суделе пеналот за 1:1. Но што е тука, одиме натаму во овие квалификации“ заврши селекторот Скендеровски.

Инаку на фотографијата токму е моментот по кој турските судии Чолак и Чакмак се решија, на 1:0 за нас, да свират најстрога казна за гостите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk