logo
logo
logo

Скандалозно: “Кралевите“ нема да прават шампионски шпалир за Барселона!

Vecer | 17.04.2026

Скандалозно: “Кралевите“ нема да прават шампионски шпалир за Барселона!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Шокантно. Скандал во најава во Шпанија, кој и тоа како уште повеќе ќе ги загрее страстите во тамошниот клупски фудбал. Имено фудбалерите на Реал Мадрид нема да им прават шампионски шпалир на играчите на Барселона ако шампионатот се реши до 10 мај кога е закажано Ел Класико во Барселона.
Оваа одлука е веќе донесена. Во Мадрид веруваат дека Барса ќе ја освојат титулата благодарение на судиите и не сакаат да признаат таков пораз.
„Реал Мадрид нема да покаже почит кон Барселона ако ја освои шампионската титула. Не сакаат да го сторат тоа“, вели Ел Чирингито. Фудбалските фанови велат дека овој потег на Реал е срамен, без оглед на големото соперништво.
„Шпалирот е традиција, но не е задолжителна. Сепак, треба да има почит.“

Тоа е тотално непочитување кон ривалот.“
„Зошто толку его? Тие навистина не знаат како да губат.“

„Од ова е јасно дека соперништвото е над сè. На ова ниво, пречката не е правило и тоа е нивна одлука.“ коментираат фановите.

Дебатата за шпалирот во Шпанија трае со години, а особено е чувствителна кога станува збор за Реал и Барселона. Кралскиот клуб веќе го отфрли овој вид гест и претходно, како што беше ситуацијата во 2018 година кога мадридскиот тим не искажа почит откако Барса ја освои титулата, а таа одлука ја донесе тогашниот тренер, Зинедин Зидан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk