Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн имаше свој коментар за настаните синоќа на „Алијанц Арената“. Тој кажа дека црвениот картон на Едуардо Камавинга бил клучниот момент во драматичната победа на Баерн од 4-3 против Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Самиот англиски напаѓач беше меѓу стрелците, но исклучувањето на францускиот играч смени многу нешта на натпреварот и му овозможи на Баерн да се пласира во полуфиналето со вкупен резултат од 6:4.
По натпревар со висок интензитет, Кејн беше прашан за вториот жолт картон што го доби Камавинга.
„Тоа исклучување ни помогна малку“, призна тој.
„Сигурен сум дека се лути, но во последниве години многу одлуки беа во нивна корист. Тоа беше глупав жолт картон.“
Кејн дополнително го разјасни својот став.
„Како играч, не можете само да ја зграпчите топката и да си заминете со неа, особено ако веќе имате жолт картон. Тоа е многу ризично. Судијата одлучи така и добро е што таков инцидент овој пат отиде во наша корист“, заклучи Кејн.