logo
logo
logo

Скандал: Соиграчи на Алиоски се испотепаа меѓусебе среде натпревар! (ВИДЕО)

Vecer | 09.01.2026

Скандал: Соиграчи на Алиоски се испотепаа меѓусебе среде натпревар! (ВИДЕО)

screenshot

И тоа каков скандал на пријателскиот меч меѓу Лугано и Плзен, кој на крајот заврши со резултат 2:4. На тој меч за швајцарскиот тим играше и нашиот репрезентативец Џани Алиоски кој во живо присуствуваше на скандалозна тепачка на двајца свои соиграчи.

Главен актер беше Кевин Беренс, напаѓачот на швајцарскиот клуб, кој во еден момент физички го нападнал сопствениот соиграч Георгиос Куцијас. Видеото што кружи на социјалните мрежи јасно покажува момент на целосно отсуство на контрола. Беренс, видливо вознемирен, агресивно се упатил кон Куцијас, го зграпчил и го турнал, а ситуацијата лесно можела да ескалира во посериозен инцидент доколку другите играчи не реагирале. Сè се случило на средина од натпреварот, пред соиграчите, тренерскиот штаб и мал број гледачи. Според впечатокот што се добива од гледањето на видеото, повод за таков испад била реакцијата на Куцијас во играта, односно отсуството на навремен прес. Беренс очигледно очекувал поагресивна одбранбена реакција, а фрустрацијата поради пасивноста на неговиот помлад соиграч се претворила во сосема несоодветна физичка пресметка.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk