Напаѓачот на Аталанта, Џанлука Скамака, по историскиот пласман на тимот во осминафиналето на Лигата на Шампионите во двомечот со Борусија Дортмунд имаше само пофални зборови за себе и за своите соиграчи. Клубот од Бергамо вчера направи голема сензација во која го елиминираше со 4:1, вкупни 4:3.
„Почнавме силно и чувствувавме дека можеме да ги свртиме работите. Верувавме до крајот. Ова е историски подвиг, еден од најголемите за Аталанта . Направивме нешто извонредно. Моравме да го надоместиме слабиот настап на првиот натпревар. Сега доаѓа добриот дел. Прво имаме слободен ден, а потоа ќе размислуваме, како и секогаш, натпревар по натпревар. Можеби она што се случи беше неочекувано за оние однадвор, но ние ја знаеме својата вредност“, изјави за „Скај Спорт Италија“ Скамака кој го постигна првиот гол на синоќешниот натпревар.