Барселона објави детали за повредата на Френки Де Јонг.
Откако претходно беше објавено дека играчот од средниот ред заработил повреда на мускулот за време на тренингот, денеска стигнаа информации за должината на опоравувањето.
„Утрово за време на тренингот, играчот на првиот тим, Френки де Јонг, претрпе повреда на дисталниот бицепс мускул на десната нога. Тестовите потврдуваат дека процесот на закрепнување ќе трае помеѓу 5 и 6 недели“, соопшти каталонскиот клуб.