Капитенот на Аргентина и најдобар стрелец, Лионел Меси, веќе тренира со своите соиграчи и го надмина физичкиот проблем што го мачеше во последните десет дена, откри тренерот на светските шампиони, Лионел Скалони, на својата прес-конференција пред пријателскиот натпревар со Хондурас.
38-годишниот Меси доживеа истегнување на мускулот во победата на неговиот клуб Интер Мајами од 6-4 над Филаделфија Јунион на крајот од минатиот месец. Ова покрена сомнежи дали осумкратниот освојувач на Златната топка ќе биде подготвен за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни.
🚨 Lionel Scaloni: “Leo Messi is much better, he trained alongside the group yesterday. He could even get some minutes tomorrow, if not, against Iceland.” pic.twitter.com/N0sCxG4A1P
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) June 5, 2026
„Лео е добро и веќе тренира со другите момци. Тој повеќе не се подготвува сам. Тој се подобрува секој ден и мислам дека може да учествува во еден од нашите претстојни пријателски натпревари, барем засега. Ќе видиме дали ќе биде против Хондурас или Исланд во вторник, но секако сме порелаксирани“, рече селекторот, кој ја предводеше Аргентина до светската титула во Катар пред четири години. Претстојното Светско првенство ќе биде шесто за Меси.
Затоа Скалони имаше лоши вести за дефанзивецот на Марсеј, Леонардо Балерди кој се повреди на тренинг и нема да настапи на СП. Што секако дека е удар за бранителот на трофејот.
Аргентина го започнува своето учество во него со натпревар против Алжир во раните утрински часови на 17 јуни. Во групната фаза, „гаучосите“ ќе играат и против Австрија и Јордан.