logo
logo
logo

Португалија и Хрватска го одиграа мечот на десегашниот Мундијал

Vecer | 03.07.2026

Португалија и Хрватска го одиграа мечот на десегашниот Мундијал

Португалија и Хрватска ја одбележаа синоќешната програма на тековниот Мундијал, во кој што Кристијано Роналдо и неговите другари се пласираа во следната фаза. Модриќ и  Хрватска си одат дома, но далеку од тоа дека синоќа беа надиграни во поразот до 2:1, напротив. Така смета и Горазд Михаилов, кој ја прави денешната анализа за Спортспорт.

Во еден од најинтересните дуели од оваа нокаут фаза, видовме еден интересен и возбудлив натпревар до самиот крај. Иако во протово полувреме некако се насетуваше дека Португалија ќе биде онаа репрезентација што се стреми да игра поофанзивно и да има посед и константно и перманентно да врши притисок кон противничкиот гол, бидејчи репрезентацијата на Хрватска очигледно дека во првото полувреме Хрватска се одлучи за дефанзивна тактика, и едноставно како да  не беше заинтересирана да го нападне противникиот гол. Има ја препушти комплетно играта на портуалците. Иако тоа беше така Португалија не создаде некоја посериозна шанса. И она што го создадоа Ливаковиќ го одбрани.

Кога сите очекуваа Португалија и во вториот дел да продолжи на ист начин, се случи спротивното. Видовме една друга Хрватска на терен. Како да излегоа нови единаесет играчи.Почнаа да играат. Да создаваат шанси, мечот се претвори во вистинска борба како во ринг. Двете селекции, го спуштија гардот, двете репрезентации создаваа шанси,  Хрватска беше таа која што прва погоди преку Перишиќ. Имаше ситуации и да зголеми и на 2:0. Португалија исто така имаше свои моменти. Околу судиските одлуки, ВАР одлуките, пеналот, искрено не би коментирал. Судиската организација ќе оцени овие ситуации но еве ако баш морам, според мене е престрого досуден пенал. И покрај израмнувањето Хрватска не падна, не се предаде, продолжи и понатаму да напаѓа. Имаше и натаму шанси. Идентично и Португалија. Навистина, ова беше најинтересен меч досега, ТОП натпревар. Особено вториот дел. Штета што ете кога сите очекуваа продолженија, Португалија даде гол преку Рамос и одличната асистенција на Леао. Но на ваков меч и тоа не беше крајот. Драмата на крајот дополнително го направи мечот легендарен што се вели. Повторно ВАР беше главен актер. Колку е исправна одлуката да се поништи тој гол на Гвардиол не знам. Ќе кажам, овие 45 минути ми поминаа најбргу што може. Вакви мечеви остануваат во сеќавање. Хрватска оди дома, заедно со Модриќ за кого не треба да се трошат зборови, затоа што тој одбележа речиси две декади не само клупски туку и репрезентативен, мундијалски фудбал. Роналдо го продолжува својот сон за трофеј на Мундијалот. – вели Горазд Михаилов па додава.

Заслужен триумф на европскиот шампион

„Шпанија заслужено оди понатаму, тука нема дилеми. Како изминува шампионатот, го креваат нивото на игра, типично за селекции фаворити. Шпанија дефинитивно е еден од главните претенденти за титулата. Од самиот старт на мечот против Австрија се виде кој е кој, Шпанија наметна темпо, брзи кратки додавања, акции, шанси и водство. Лесно освојување на просторот. Јамал го неутрализираа ете да речеме од еднста страна но на другата страна Баена и Кукурњља најдобри на терен. Головите беа од таа страна. Австријците имаа мотив и желба но неутрализирани во секој поглед“ – ја прави анализата за вчерашните мечеви, Горазд Михаилов.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk