logo
logo
logo

„Скај Спортс“: УЕФА одлучила финалето во ЛШ да се игра на „Драгао“ во Порто!

Vecer | 12.05.2021

„Скај Спортс“: УЕФА одлучила финалето во ЛШ да се игра на „Драгао“ во Порто!

Финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челзи ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто. Ова ќе биде финалната одлука на УЕФА, соопшти вечерва „Скај Спортс“. Според информацијата, УЕФА решила да се откаже од Истанбул, откако стана јасно дека стадионот „Ататурк“ во Истанбул нема да може да собере доволно навивачи од двете екипи финалисти, поради тоа што земјата е ставена на „црвената листа“ поради ширењето на Ковид-19.

Со оглед на тоа што англиските клубови играат во финалето, идејата беше мечот да се одржи на Вембли, но поради строгите мерки во Велика Британија, и тоа е неизводливо. УЕФА се уште ја нема потврдено веста, но се очекува конечна објава наскоро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk