Ливерпул изгледа го чекаше последниот момент за да реагира кога се во прашање веројатно трите најголеми ѕвезди на овој клуб чија соработка со овој тим истекува на крајот од сезоната.
Се започна кога Мохамед Салах неодамна изјави дека Ливерпул воопшто не контактирал со него за нов договор и дека не е точно дека одбива да ја продолжи соработката со оглед на тоа што се уште не добил никаква понуда.
По критиките кои навивачите ги упатија до челниците на клубот од Ливерпул, тие решија да реагираат и конечно да им понудат на фудбалерите на кои им истекуваат договорите да ја продолжат соработката.
Секако, веднаш беше контактиран Салах и му кажаа дека сакаат да остане на „Енфилд“ и му понудија нов повеќегодишен договор, но не беше единствениот што го направија.
Англиските медиуми пишуваат дека челниците на Ливерпул му понудиле нов договор на Вирџил ван Дaјк, но и на Трент Александер-Арнолд, за кого во претходните недели многу се шпекулираше дека дури во јануари може да замине во Реал Мадрид.
Преговорите на „црвените“ одат во добра насока, а тамошните медиуми тврдат дека двајца од тројцата играчи на Ливерпул на кои им е понуден нов договор веќе јасно ставиле до знаење дека ќе останат на „Енфилд“.
Станува збор за Салах и Ван Дајк, кои немаа некои посебни услови во преговорите и се задоволни од она што им го нуди клубот, а очигледно е дека имаат намера да останат одредено време во овој клуб.
Но, кога станува збор за Александер-Арнолд, ситуацијата не е толку оптимистичка бидејќи англискиот репрезентативец има понуда од Реал Мадрид на која тешко може некој да и одолее и побара повеќе време за размислување.
Се вели дека Александар-Арнолд одбил веднаш да се изјасни како Салах и Ван Дајк и го ставил Ливерпул „на чекање“ да размисли што да прави со понудата на Реал.
Во Англија веќе се сигурни дека овој десен бек од следната сезона ќе го носи дресот на кралскиот клуб и дека размислува само како ова на убав начин да му го соопшти на Ливерпул и да си замине од клубот со крената глава.
На Александар-Арнолд од 1 јануари му е дозволено официјално да преговара со други клубови, а на црвените им порача дека тоа ќе го направи за да види што му нудат, а секако на сите им е јасно дека само Реал Мадрид е заинтересиран него.
Затоа сега одби да го продолжи договорот со Ливерпул, а вети дека конечната одлука ќе ја соопшти до крајот на јануарскиот преоден рок.