logo
logo
logo

Сите детали за трансферот на Мбапе во Реал

Vecer | 23.02.2024

Сите детали за трансферот на Мбапе во Реал

Килијан Мбапе треба да стане играч на Реал на лето. Како што пренесуваат сите релевантни светски медиуми и новинари, 25-годишниот фудбалер се договорил со „кралскиот“ клуб и наводно веќе го потпишал договорот. Деталите за зделката ги објави Фабрицио Романо, специјализираниот новинар за фудбалски трансфери.

Според информациите на Романо, Французинот во Реал би требало да заработува околу 20 милиони евра по сезона. Исто толку моментално имаат и најголемите ѕвезди на Реал, а тоа се Џуд Белингам и Винициус Жуниор. Се уште не е познато на колку време ќе го потпише договорот, но во Реал ќе пристигне како слободен играч.

Имено, тој има клаузула според која може да си замине од ПСЖ ова лето без обештетување. Мбапе ќе добие бонус за потпис од Реал, кој ќе изнесува меѓу 100 и 150 милиони евра. Оваа сума клубот ќе му ја исплати на рати во следните пет години.

Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и со години е сериозен кандидат за Златната топка. За ПСЖ постигна 244 гола на 291 натпревар, но не ја освои Лигата на шампионите. Најдалеку што стигна беше финалето пред четири години, во кое загуби од Баерн.

Францускиот напаѓач го освои светското злато со својата репрезентација во 2018 година, а среброто во 2022 година, откако во финалето загуби од Аргентина. Неговата утешна награда на последното Светско првенство беше титулата најдобар стрелец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk