logo
logo
logo

„Сите беа љубоморни на Самсоненко, на Вардар, на сето она што го имавме“

Vecer | 24.05.2021

„Сите беа љубоморни на Самсоненко, на Вардар, на сето она што го имавме“

Уште еден дел од шампионскиот мозаик, си заминува од Вардар. Иван Чупиќ, единствениот ракометар, кој успеал да ја одбрани шампионската титулата во Лигата на шампионите, но со два различни тимови, се враќа во својата родна земја по завршувањето на оваа сезона.

Чупиќ во ниту еден момент не зажали што му подаде рака на Сергеј Самсоненко, креаторот на златната генерација на македонскиот тим, со себе ќе понесе полни куфери спомени.

„Од Скопје ќе ги понесам најубавите спомени во Хрватска. Се чувствувам како да сум дома, не можев да одберам подобро место. Сергеј Самсоненко направи убав проект, неговата упорност беше клучна. Ја покоривме Европа, имавме големи успеси“, изјави во гостувањето за Сител, искусниот ракометар.

Следната сезона ќе го гледаме како играч на ППД Загреб.

„За секој хрватски играч желба е да игра во ППД Загреб“, кратко ја објасни својата одлука.

Тој зборуваше за македонскиот ракомет од времињата на силен Металург во Европа, до Вардар во ерата на Самсоненко.

„Брендот на македонскиот ракомет почна од Металург, имав гостувано во „Борис Трајковски“ пред полни трибини. После дојде брендот Вардар со Самсоненко, со салата и сето она што го направи. Цела Европа беше љубоморна на Сергеј, на Вардар, на сето она што го имаше овој тим, среќен сум што бев дел од овој период“.

Кога ќе се спомене Чупиќ не може да се прескокне оној гол во финишот против ПСЖ во првото финале во 2017 година кога Вардар се искачи на тронот.

„Многу често ме прашуваат за последниот шут против ПСЖ, ова е тимски спорт, мило ми е што успеав да бидам дел од таа приказна. На тајм-аутот, Раул му рече на Алекс да ја земе топката и да ми ја спушти.

Кога Циндриќ го даде тој гол во полуфиналето знаев дека ќе го освоиме Ф4. Среќен сум што успеавме да ја освоиме титулата, што го дадов тој гол. Дишевме како едно“, рече Чупко, кој го објасни уште еднаш полуфиналето против Барселона во 2019 година кога Вардар имаше нагатива од седум гола, а потоа се врати и дојде до финалето.

„Искрено на полувреме не фати инает, оној балкански инает, тие 30 минути одигравме без грешка, срце, карактер, душа, секој даде се од себе, дури и оние кои не влегоа во игра. На хартија и буџет е едно, на терен е друго“, заврши Чупиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk