logo
logo
logo

Симовски денеска ги собира ракометарките пред двомечот со Романија за пат на СП

Vecer | 12.04.2021

Симовски денеска ги собира ракометарките пред двомечот со Романија за пат на СП

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска на пладне во Хотелот „Русија“ во Скопје ќе го има собирот пред двомечот со Романија во битката за пласман на светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи кон крајот на оваа година.

Селекторот Симе Симовски за овој двомеч со Романките повика 20 ракометарки на скратениот список објавен минатата недела, кои денеска треба да му се стават на располагање во мини подготовките во пресрет на првиот дуел кој треба да го одиграме на гости. Македонија е во одлична низа од три последователни победи кои ги остваривме на квалификациите во Скопје против селекциите на Исланд, Литванија и Грција и кои беа одличен показател за растот на оваа генерација наши сениорки.

Пред нас е двомеч со исклучително квалитетна репрезентација која е фаворит. Македонија последен пат пред дури 14 години играше на СП во Франција каде го освоивме 12. место, додека Романките се редовен учесник на Мундијалите, а на последниот во 2019-тата го одвоија 12. место.

Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт в сабота на 17 април во 17 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk