Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не ја криеше радоста по успехот од 2-1 над Барселона, по кој неговиот тим се искачи како единствен лидер во табелата во Ла Лига. Аргентинецот, сепак, призна дека и среќата имала голема улога во оваа победа, бидејќи противникот пропуштил многу шанси на натпреварот.
“Среќен сум, не можам да ве лажам. Нашиот тим страдаше бидејќи Барселона играше добро и не престануваше да напаѓа цело време. Денеска имавме одлична ноќ во дефанзива и Облак беше над сите. Ова ни овозможи да опстанеме во текот на второто полувреме.
Имаме многу силна група играчи кои сакаат да се борат заедно. Тоа е нашата најсилна особина. Тоа се покажува во нашите постапки на теренот. Замените исто така многу помагаат кога ќе дојдат на теренот. Тоа го сака секој тренер – сите во тимот да биде на исто ниво. Начинот на надминување на две чудовишта како Барселона и Реал Мадрид е ако целиот тим е во одлична форма“, изјави Аргентинецот.
Со оваа победа Атлетико се искачи на врвот со 41 бод, Барса има 38 и натпревар повеќе. Реал е трет со 37 бодови, но и со натпревар помалку од градскиот ривал, односно два меча од Барселона, што пак гарантира возбудлива трка за титулата шпански првак до самиот крај.