logo
logo
logo

Симеоне искрено: Нема да гледам Реал – Севилја, ќе одам на вечера со семејството!

Vecer | 09.05.2021

Симеоне искрено: Нема да гледам Реал – Севилја, ќе одам на вечера со семејството!

Речиси во текот на целата сезона Атлетико Мадрид беше прв во Ла Лига, едно време имаше и 10 бодови предност пред Реал и Барса, но сега, посебно по вчерашното дерби без голови на “Камп Ноу“ со каталонците, сега “јорганџиите“ мора да чекаат на кикс на Реал Мадрид ако сакаат да бидат шампиони.

Диего Чоло Симеоне и самиот е свесен дека е пропуштена голема шанса уште пред некое коло неговиот тим да ја освои титулата и дека сега веќе ништо не зависи од нив, туку од Реал.

Вечерва од 21 часот Реал игра со Севилја, па затоа на прашањето на новнинарите дали ќе го гледа тој натпревар од кој што веројатно зависи дали Атлетико Мадрид ќе биде шампион, Чоло беше брутално искрен:

Не, немам намера да го гледам тој натпревар. Ќе бидат во тоа време со семејството на вечера. Јас обично не следам натпревари на ТВ, просто не уживам во нив. Кога нешто не зависи од мене или од мојата екипа не вреди да гледам“ посочи Симеоне.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk