logo
logo
logo

Симе Симовски повеќе не е селектор на женската репрезентација

Vecer | 22.04.2021

Симе Симовски повеќе не е селектор на женската репрезентација

Симе Симовски повеќе не е селектор на македонската женска репрезентација. РФМ на освојата официјална страница извести дека соработката е спогодбено раскината. Симомовски на клупата седна во 2015 година.

„Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година.

Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции“, се вели во известувањето на РФМ.

Новиот селектор ќе има сериозна задача, следната година Македонија ќе биде домаќин на ЕП. Како можен наследник на Симовски се споменува Марјан Колев, кој работи во Франција, во стручниот штаб на Ница.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk