logo
logo
logo

Шведска на крајот прва во групата Е, Шпанија ја „уништи“ Словачка (ВИДЕО)

Vecer | 23.06.2021

Шведска на крајот прва во групата Е, Шпанија ја „уништи“ Словачка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска, со триумфот од 3:2  предмалку над Полска, во рамките од третото коло од групната фаза на тековното ЕУРО, се пласираше на првото место во групата Е, со вкупно седум бодови и на тој начин ја остави фаворизираната Шпанија на второ место.

Швеѓаните за малку и ќе го испуштена лидерското место, затоа што обезбедија триумф во последните секунди преку голот на Клаесон. Претходно, Левандовски во финишот израмни на 2:2. Напаѓачот на Баерн го постигна и првиот гол за Полјаците, а на спротивната страна двоен стрелец беше Форсберг.

Во вториот дуел од оваа група, Шпанија чекајќи кикс на Шведска ја „уби“ Словачка со 5:0. Мората промаши пенал, но само за да ги разлути соиграчите. Дубравка направи смешен потег, и си постигна автогол, за потоа Лапорт, Сарабиа, Торес, во серија да погодуваат, а Куцка си постигна автогол.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk