logo
logo
logo

Шпанците знаеја како треба со Трамп!(ВИДЕО)

Vecer | 20.07.2026

Шпанците знаеја како треба со Трамп!(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen

Како што и беше најавено, Доналд Трамп, со помош на Џани Инфантино, му го предаде пехарот на капитенот на шпанската репрезентација, Родриго. Сепак, тој не успеа да биде учесник во прославата и буквално беше ставен на втор план.

Имено американскиот претседател се обиде да остане со Шпанците на сцената. Остана во близина, но беше ставен во сосема втор план и не успеа да биде во центарот на вниманието. Погледнете ги овие неверојатни сцени.

Јасно е дека никој од Шпанците не го сакаше Трамп во близина. Трамп видливо се обидуваше да најде начин да остане во кадарот, но славениците едноставно го „проголтаа“. Фокусот на камерите беше насочен кон шпанските ѕвезди, а американскиот претседател заврши во позадина. Овој момент беше протолкуван како симболичен пораз на неговото его пред единството на една национална репрезентација.

Родри беше прогласен, сосема заслужено, за најдобар фудбалер на Светското првенство, а Шпанците доминираа и во други сегменти. Така, Пау Цубарси беше прогласен за најдобар млад фудбалер, а Унаи Симон беше најдобар голман. Килијан Мбапе го освои нивниот единствен трофеј како најдобар стрелец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk