Шокантна глетка беше забележана по натпреварот помеѓу Манчестер сити и Фејенорд во 5. коло од Лигата на шампионите, на кој англискиот тим ја прокоцка победата и остана без веќе запишаните бодови, бидејќи гостите успеаја да го стигнат заостатокот од три гола и да израмнат на самиот крај (3:3).
Менаџерот на Сити, познатиот шпански фудбалски стручњак Пеп Гвардиола, се појави пред новинарите со крвава расекотина на носот и модринки на главата. На новинарско прашање што му се случило, тој одговори дека сам се повредил.
-Тука се исеков со ноктот. Сакам да се повредам - рече Шпанецот и ги шокираше сите.
Неговите повреди и реакцијата пред камерите ги шокираше фудбалските фанови. Навивачите сметаат дека ова е јасен доказ дека Шпанецот е под ненормален притисок и дека итно му треба одмор, а во британските медиуми се појави фотографија од моментот кога Пеп Гвардиола наводно се повредил.
Се се случило на клупата на Сити на крајот од мечот кога Гвардиола не можел да поверува дека неговиот тим загуби голема предност, па направи нешто незамисливо - се повреди со ноктите. Погледнете го тој момент:
вака изгледаше пред натпреварот:
А вака по завршувањето и когасе појави пред новинарите:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата