logo
logo
logo

Шокантно е што направија радикалните албански навивачи во пресрет на историскиот дуел со Србија!

Vecer | 03.06.2025

Шокантно е што направија радикалните албански навивачи во пресрет на историскиот дуел со Србија!

Во сабота во Тирана, во квалификациски меч за СП 2026, Албанија ја дочекува Србија. Се разбира дека, од “милион“ причини, оваа средба ќе биде историска. Најмалку 200.000 лица аплицирале за само 22.000 билети, но она што го направија најрадикалните албански навивачи претставуваше шок за сите во таа земја, па и на Балканот.

Имено како што пренесуваат медиумите во Албанија, навивачката група ТКЗ, нема намера да оди на стадион и да ја бодри својата репрезентацијата и тоа по првпат откако оваа група е основана.

Овие радикални фанови се во војна со Фудбалската федерација на Албанија откако челниците на Федерацијата одлучија билетите да не се пуштат во слободна продажба туку до нив да се дојде преку лотарија.

По првпат после 21 година, ние како навивачка група нема да ја бодриме репрезентација“се вели во реакцијата на ТКЗ а во продолжение од истата тие го наведуваат причините за тоа.

ФОТО: Фудбалска федерација на Албанија/Х


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk