Јувентус на шокантен начин го почна натпреварот против Лајпциг во 2 коло од Лигата на шампионите. Во првите 12 минути се повредија двајца важни играчи, па тренерот Тијаго Мота мораше да направи измени.
Дефанзивецот Бремер го напушти теренот во шестата минута, а на негово место влезе Федерико Гати. Шест минути подоцна и офанзивецот Нико Гонзалез мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Франциско Консеисао.
Така Мота непланирано направи две измени, а до крајот има уште едно полувреме. Капак на тоа беше голот на Шешко во 30 минута по кој Лајпциг поведе со 1:0.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата