logo
logo
logo

Шок за Барса: Лидерот до 84.минута имаше 0:2 кај Селта, на крајот дојде само до бод!

Vecer | 23.11.2024

Шок за Барса: Лидерот до 84.минута имаше 0:2 кај Селта, на крајот дојде само до бод!

Каков шокантен меч за Барселона вечерва во Виго кај Селта? Лидерот во Ла Лига, таа страшна Барса до 84.минута имаше сигурно водство од 0:2, но тогаш невиден шокантен развој на настаните и тимот на Ханси Флик освои само бод, и тоа едвај. Мечот заврши 2:2.

Рафиња во 15.минута донесе водство од 0:1. Кога Левандовски стрелаше за 0:2 во 61.минута, сите помислија дека тоа е тоа.

Сепак, не беше така. Во 82.минута Касадо доби втор жолт, односно црвен картон и Барса остана со играч помалку.

Тоа Селта и тоа како го искористи и во 84. и 86.минута со головите на Гонзалез и Алварез успеа да израмни на 2:2. Во последните секунди од мечот Рафиња не успеа да се снајде и пропушти да донесе победа за гостите.

Да кажеме дека на оваа средба не играше Јамал кај Барса поради повреда.

Сега тимот на Ханси Флик има +5 бода во однос на Атлетико Мадрид и +7 бода од Реал Мадрид, но “кралевите“ имаат два меча помалку.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk