Стив Кларк повеќе не е селектор на шкотската репрезентација, објави Шкотската фудбалска асоцијација. Во соопштението се вели дека Кларк поднел оставка откако Шкотска не успеа да се квалификува во втората фаза на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико.
Фудбалерите на Шкотска го завршија Светското првенство на третото место во групата Ц со три бода. Шкотска го победи Хаити (1:0), а потоа беше поразена од Мароко (0:1) и Бразил (0:3).
„Најемотивниот дел од ова збогување е за моите играчи. Без нив немаше да ги имаме спомените што ги создадовме заедно од 2019 година до денес. Тие заслужуваат сите пофалби што ги добиваат и беше голема чест за мене да бидам нивен тренер. Ви благодарам на сите и му посакувам многу среќа на мојот наследник“, рекол Кларк.