logo
logo
logo

Шампионот закажа четири теста пред Европа, на 21 јуни против Шкупи!

Vecer | 10.06.2021

Шампионот закажа четири теста пред Европа, на 21 јуни против Шкупи!

И дефинитивно познат е планот на Шкендија во однос на пријателските средби во пресрет на настапот во Европа, поточно во квалификациите во Лигата на Шампионите.

На 15 јуни ќе се чекаат вестите од Нион, кога ќе биде одржана ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Следниот ден во Приштина, нашиот шампион ќе го има првиот летен тест, и тоа со истоимениот косовски клуб.

На 21 јуни во Скопје, во пријателски меч Шкендија се среќава со Шкупи. Четири дена подоцна во Охрид, момците на стратегот Ернест Ѓока ќе ги одмерат силите со албанскиот тим Љачи, додека за крај, на 29 јуни во Банско, Шкендија ќе одигра пријателска со ЦСКА Софија 1948.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk