logo
logo
logo

Шахтјор му нуди 10 милиони евра на Роберто Де Зерби

Vecer | 01.05.2021

Шахтјор му нуди 10 милиони евра на Роберто Де Зерби

Украинскиот Шахтјор Доњецк не успеа да ја освои шампионската титула во Украина, па тоа беше знак дека тренерот Луис Кастро мора да си оди по завршување на сезоната. Според информациите од Италија, клубот од Доњецк му понудил тригодишен договор на Роберто Де Зерби, стратегот на Сасуоло, вреден 10 милиони евра. Тоа значи дека за италијанскиот стратег се спремени по три милиони евра по сезона.

Доколку Де Зерби дојде во Шахтјор, во украинскиот гигант би можел да ги поведе двајцата играчи на Сасуоло Жереми Бога и Филип Ѓуричиќ. Сепак, нивната цена е висока. За Бога Сасуоло бара 22 милиони евра, а за српскиот фудбалер околу 10 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk