Откако Толука со победа од 3:1 го елиминираше Монтереј од полуфиналето на мексиканскиот плејоф, на социјалните мрежи започна вербална војна. Во центарот се најде легендарниот дефанзивец Серхио Рамос (39), чија прослава на голот стана предмет на подбив. Шпанецот не остана должен и жестоко возврати.
Иако неговиот тим губеше, Рамос по постигнатиот почесен гол стави прст на устата. По последниот свиреж и потврдата дека Толука се пласира во финалето, клубот ја искористи гестикулацијата на Рамос за провокација на социјалните мрежи.
Тие објавија порака: „Тишина, Пандилја веќе одмора“, алудирајќи на прекарот на навивачите на Монтереј. Објавата веднаш стана вирална и предизвика лавина коментари, а стигна и до Рамос.
Шпанецот најпрво возврати објавувајќи споредба на бројот на следбеници на социјалните мрежи: неговите над 60 милиони наспроти околу 600 илјади на Тулука. Неколку минути подоцна сподели нова објава со фотографија од неговите бројни трофеи и испрати порака: „Лавовите не го губат сонот поради мислењето на овците.“
Овој двобој на социјалните мрежи воедно го означи и крајот на краткиот престој на Рамос во мексиканскиот фудбал. Полуфиналниот меч беше негов последен, нешто што и самиот го потврди по натпреварот. Шпанецот заминува од Монтереј по одиграни 32 натпревари и седум постигнати голови.
Рамос сè уште не открил каде ќе ја продолжи кариерата, но се шпекулира дека можна е негова повратна во европскиот фудбал.