Како најголем клуб во светот јасно е дека половината од дневните информации врзани за мега – клубовите, се за Реал Мадрид и околу овој клуб. Речиси и да нема фудбалер кој нешто значи во светот на фудбалот а да не е поврзан со можен трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, па така и Мајкл Олисе, ѕвездата на Баерн Минхен и репрезентацијата на Франција.
Мадридскиот весник „АС“ објави дека Флорентино Перез е воодушевен од настапите на 24-годишниот Французин и е подготвен да направи сè за да го доведе во Мадрид. Тој го гледа Олисе како идеална замена за Родриго, кој ќе биде надвор од терените долго време поради сериозна повреда, а се шпекулира дека неговите денови во Реал секако се избројани.
Иако е свесен дека Баерн нема лесно да се откаже од еден од своите клучни играчи, Перез наводно подготвил понуда од 160 милиони евра, сума што е тешко да се одбие. Покрај тоа, Реал наводно се обидува да воспостави директен контакт со играчот за да го убеди во проектот и да го охрабри самиот да побара трансфер кога понудата ќе пристигне во Минхен.
Баерн го донесе Олисе во летото 2024 година од Кристал Палас за 53 милиони евра, што значи дека би можеле да остварат профит од повеќе од 100 милиони евра од неговата продажба. Олисе игра спектакуларно оваа сезона, а во 37 настапи досега постигна 15 голови и имаше 26 асистенции.
Поради ваквите настапи, Реал Мадрид не е единствениот клуб кој е заинтересиран. Голем интерес покажа и Ливерпул, гледајќи го Французинот како наследник на Мохамед Салах, додека се споменуваат и Манчестер Сити, Арсенал и ПСЖ. Сè укажува дека Михаел Олисе би можел да биде главна ѕвезда на претстојниот летен преоден рок.