logo
logo
logo

Сензационално: Легендарниот Оливер Кан сака да го купи Бордо!

Vecer | 04.01.2025

Сензационално: Легендарниот Оливер Кан сака да го купи Бордо!

Дали на повидок е крај на сите проблеми за Бордо, култниот француски клуб и еден од најголемите во таа земја кој во последно време е во агонија?

Имено како што пренесуваат медиумите во Германија и Франција, Оливер Кан, германската голманска легенда, во свое време секако најдобар голман во светот, преку свои посредници искажал желба да го купи Бордо.

Клубот во моментов се наоѓа во четврта лига, а во блиска иднина не се надзира решавање на проблемите. Секако дека доаѓање на чело на едно такво име, па макар тој бил и Германец, секако е одличен маркетиншки потег.

Сепак сега на потег е сегашното раководство на клубот кое едноставно не може само да го врати Бордо таму каде што му е местото, при врвот на францускиот фудбал.

Со ова продолжува трендот некогашни познати фудбалски имиња да купуваат фудбалски клубови. Дејвид Бекам е еден од сопствениците на Интер Мајами, Бразилецот Роналдо е газда на Ваљадолид, Златан Ибрахимовиќ е косопственик на Хамарби…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk