logo
logo
logo

Сенегал со пресврт подобар од Судан за четвртфинале на КАН

Vecer | 03.01.2026

Сенегал со пресврт подобар од Судан за четвртфинале на КАН

фото: Equipe du Sénégal (X)

Фудбалската репрезентација на Сенегал е првиот патник во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко. Селекцијата, која заедно со Мароко е главен фаворит за освојување на турнирот, со пресврт дојде до победа над Судан во Казабланка со 3:1 и ќе се бори за полуфиналето со подобриот тим од дуелот меѓу Мали и Тунис, кој ќе се игра вечерва во 20:00 часот.

Судан ги шокираше сите на стадионот веќе во четвртата минута, кога Абдала постигна гол за 0:1. Следеше целосна иницијатива на Сенегал, па во 29-тата минута дојде до израмнување. Садио Мане беше асистент, а играчот од средниот ред на Виљареал, Папе Геј, беше стрелец за 1:1.

Пресвртот беше забележан во судиското продолжение во првото полувреме, а голот повторно го постигна Пејп Геј.

Третиот гол за конечни 3:1 беше дело на младиот крилен напаѓач на Пари Сен Жермен, Ибрахим Ембаје, кој во 77-та минута погоди за конечна победа на Сенегалците.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk