logo
logo
logo

Камерун ја победи Ј. Африка и закажа четвртфинале со Мароко на КАН

Vecer | 04.01.2026

Камерун ја победи Ј. Африка и закажа четвртфинале со Мароко на КАН

фото: TotalEnergies AFCON 2025 (X)

Репрезентацијата на Камерун е четвртиот патник во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Вечерва на мечот со Јужна Африка, Камерун дојде до победа од 2:1 и со тоа му се приклучи на Мароко во второто четвртфинале.

Камерунците поведоа со голот на фудбалерот на англиски Стоук, Чамадеу во 34. минута, за на стартот на второто полувреме голгетерот на германски Баер (Л), Кофане да го постигне вториот гол со кој Камерун го направи главниот исчекор кон најдобрите осум на „црниот континент“.

Во завршницата Јужна Африка успеа да постигне гол преку Макгопа во 88. минута, но до крајот не успеа да израмни за продолженија.

Во четвртфиналето Камерун се среќава со Мароко кој денеска минимално со 1:0 беше подобар од Танзанија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk