logo
logo
logo

Сенегал е победник на Африканскиот куп (ВИДЕО)

Vecer | 18.01.2026

Сенегал е победник на Африканскиот куп (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Сенегал е победник на овогодинешното издание на Африканскиот куп. Оваа репрезентација во финалето со минимални 1:0, и тоа по продолженијата успеа да го совлада домаќинот на ова натпреаврување, Мароко, и на тој начин по втор пат да се закити со оваа титула по онаа во 2021 година.

Херој на сенегалците е Папе Гај, кој што погоди во четвртата минута од првото продолжение.

Претходно, ова финале беше одбележано со еден ужасно контроверзен момент во кој судијата досуди пенал за домашните во последните моменти од регуларниот дел, а репрезентативците на Сенегал сакаа да го напуштат мечот. Дваесетина минути траеше натегањето дали мечот да продолжи, а кога истиот конечно отиде во тој правец, пеналот на себе како обврска го презема Брахим Диаз. И го промаши. И тоа со популарната „паненка“.

Потоа домаќинот беше девастиран што се вели, и не можеше да се врати од овој шок, а Сенегал во продолженијата беше далеку подообар ривал, и заслужено го подигна пехарот.

https://sportklub.n1info.hr/nogomet/video-nezapamceno-finale-africkog-kupa-nacija-senegalci-napustili-teren-nakon-dodjele-penala-maroku-pa-se-ipak-vratili/

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk