logo
logo
logo

ШТО НИ ТРЕБА ЗА ТОП 12: Еве како Македонија може да биде во главна рунда на ЕП!

Vecer | 18.01.2026

ШТО НИ ТРЕБА ЗА ТОП 12: Еве како Македонија може да биде во главна рунда на ЕП!

Македонија успеа да остане непоразена на мечот со Португалија, 29-29, иако немавме среќа по двете одбрани на Томовски во финишот да ја задржиме топката во нашите раце и да организираме напад за победа.

Но и бодот ја остава Македонија во игра за место во главната рунда на Европското првенство.

ШТО НИ ТРЕБА ЗА ТОП 12?

Ако Данска очекувано ја совлада Романија, тогаш Романците ќе бидат отпишани од трката за првите две места.

Македонија во моментов има негативна гол-разлика од -12, додека Португалија е на +6.

По второто коло Данска би имала 4 бода, Португалија 3, Македонија 1, а Романија ниту еден бод пред последното коло. Под претпоставка во третото коло Данска да ја победи Португалија, а ние Романија - ќе работат дигитроните.

Тогаш на табелата Данска ќе има шест, Португалија и Македонија по три бода, а на крајот ќе решава гол-разликата на двете селекции. За да се комплетира чудото ние треба да оствариме што повисока победа над Романија, а Португалија да загуби од Данска што поубедливо и на крајот ние да имаме подобра гол-разлика од „хероите од морето“.

Преземено од 24ракомет

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk