Тимот на Селта изненадувачки попладнево триумфираше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0:1, и на тој начин ги задржа своите шанси да биде дел од Лигата на Шампионите следната сезона.
Единствениот гол на овој меч го постигна Иглесиас во 62. минута, а потоа домаќинот не успеа повеќе да се врати во игра.
Атлетико и натаму е четврти со 63 бодови, додека пак Селта е шест со 50.
Главниот конкурент на тимот на Селта во моментов е Бетис кој што е место погоре на табелата со три бода повеќе.