logo
logo
logo

И Јокиќ на финалето во Будимпешта, навива за Арсенал!(ВИДЕО)

Vecer | 30.05.2026

И Јокиќ на финалето во Будимпешта, навива за Арсенал!(ВИДЕО)

фото: Denver (X)

Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на Денвер Нагетс, присуствуба во Будимпешта да го бодри Арсенал во финалето на Лигата на шампионите. „Топџиите“ се борат против Пари Сен Жермен за првиот трофеј посветен на најдобрите во Европа во нивната историја, а Никола Јокиќ е исто така на трибините на Пушкаш Арената со својот брат. Кога Каи Хаверц ја затресе мрежата на актуелниот шампион во шестата минута и му донесе водство на Арсенал, Јокиќ знаеше како да слави. Впечатокот е дека не славеше вака дури ни кога Денвер беше шампион на НБА лигата во 2023 година, а не беше ниту на коњската трка, што му е омилено хоби. Јокиќ е во јавноста за прв пат по испаѓањето на Денвер од НБА оваа сезона. Ве потсетуваме, Нагетс го завршија својот пат до титулата веќе во првото коло од плејофот, каде што Минесота беше подобра од нив. Инаку, Денвер и Арсенал имаат ист сопственик, американскиот милијардер Стен Кронке, односно неговата спортска империја Kroenke Sports & Entertainment.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk