Се уште нема дијагноза: Компани е подобар, но останува во болница

Vecer | 26.10.2026

Се уште нема дијагноза: Компани е подобар, но останува во болница

ФОТО: FC Bayern München/FB

Здравствената состојба на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, е стабилна, но лекарските прегледи сè уште не донеле конечна дијагноза. Ова го потврди спортскиот директор на баварскиот клуб, Макс Еберл, по победата од 3:1 над Фрајбург во седмото коло од Бундеслигата.

Компани заврши во болница откако колабираше за време на тренинг на резервниот тим на Баерн. Според Еберл, белгискиот стратег повеќе нема главоболки, но ќе остане под лекарски надзор додека не се утврди причината за неговата состојба.

„Состојбата на Вини е стабилна. Повеќе нема главоболки и ќе продолжи да биде под надзор на специјалисти. Го оставивме на мир. Винсент треба да ја дочека дијагнозата, па потоа ќе знаеме што треба да се направи. Засега нема конечна дијагноза“, порача Еберл.

Првиот човек за спортски прашања во Баерн нагласи дека здравјето на тренерот е најважно и дека никој во клубот нема да брза со неговото враќање на клупата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk