logo
logo
logo

Се подготвува „фешта“ во „Јане Сандански“ за новото крунисување на Вардар!

Vecer | 26.05.2022

Се подготвува „фешта“ во „Јане Сандански“ за новото крунисување на Вардар!

Вардар 1961 денеска (17 часот) треба да го оствари последниот победнички чекор за да дојде до двојната круна оваа сезона. Актуелниот бранител на титулата во последното коло од плеј-офот го пречекува Тиквеш пред своите фанови. Триумф е единственото сценарио кое „црвено-црните“ фанови ќе ги вивне одново.

Во СЦ „Јане Сандански“ се подготвува фешта. Ќе се слави вториот пехар сезонава, а истовремено раководството на клубот ќе им се заблагодари на дел од играчите кои следната сезона нема да го носат дресот на Вардар 1961.

Останува енигма дали Давид Дејвис ќе добие врамен дрес или пак ќе го продолжи својот мандат на уште една сезона.

Она што е сигурно е дека Тото нема да биде дел од тимот, за него ова ќе биде последен танц, во ова друштво е Патрик Валчак, Кевин и Оливие Њокас, Бакари Дијало и Стефан Додиќ.

За Вардар ова ќе биде 15. трофеј во својата историја, истиот го завери откако на жешкото гостувањето во Битола си замина со целиот плен. Претходно „црвено-црните“ во Кавадарци го подигнаа Куп-пехарот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk