Сега е дефинитивно веќе дека по речиси една деценија мината во клубот и досега одиграни 451 меч, португалскиот интернационалец, Бернардо Силва си заминува од тимот на Манчестер Сити.
Силва во моментов има статистика од 76 гола, имаше 77 асистенции и освои 19 титули, од кои шест во Премиер лигата и една Лига на Шампиони.
Силва влезе во топ десетте играчи со најмногу настапи за клубот, и секако дека е сметан за жива легенда на Сити.
Тој пак со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од неговиот омилен клуб додавајќи дека периодот минат во Сити е најубавото нешто што можело да му се случи.
Manchester City can confirm Bernardo Silva will leave the Club this summer.
🔗 https://t.co/XqZqQz2q7l pic.twitter.com/C0xjzWjV5f
— Manchester City (@ManCity) April 16, 2026