logo
logo
logo

Саутгејт: Ако не го освоиме ЕП, веројатно нема да бидам селектор на Англија

Vecer | 11.06.2024

Саутгејт: Ако не го освоиме ЕП, веројатно нема да бидам селектор на Англија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека ЕП 2024 во Германија ќе му биде последната шанса со националниот тим да триумфира на едно големо натпреварување. 53-годишниот Саутгејт е на чело на англискиот национален тим од 2016 година, а договорот му е до 31 декември 2024 година.
Ако не победиме, веројатно нема да останам селектор. Значи ова е можеби мојата последна шанса. А мислам дека половина од селекторите ќе бидат сменети по шампионатот – тоа е судбината на селекторите. Тука сум речиси осум години, а бевме блиску. Постојано си велиш, ајде уште малку, ајде уште малку… блиску сме… Но понекогаш и губиш верба во своите зборови. Ако сакаме да бидеме силен тим, ако сакам да бидам врвен тренер, тогаш потребни се резултати на важни натпревари“, изјави Саутгејт во интервју за „Билд“.
Англија е во група со Србија, Данска и Словенија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk