Екипата на Ливерпул со многу мака и доза на среќа стигна до нова победа во Премиер лигата откако на гостински терен успеа да слави со конечни 2:3 кај последнопласираниот тим на табелата екипата на Саутемптон.
Во меч со многу интензитет, трка и пресврти гостите на крајот ги однесоа трите бода. Истите ги најавија преку Собозлаи во 30. минута, за да потоа досудениот пенал за домаќините од „втора“ го реализира Армстронг.
Комплетниот пресврт за домаќинот го направи Фернандеш, а десетина минут подоцна Салах го враќа Ливерпул со израмнување на 2:2.
Египќанецот не би бил најдобриот играч на Ливерпул ако не ја спаси ситуацијата комплетно со гол од пенал во 83. минута.
Ливерпул има 31. бод, додека Саутемптон остана на досегашните четири.