logo
logo
logo

Саутемптон извади бод дома против Лестер (ВИДЕО)

Vecer | 30.04.2021

Саутемптон извади бод дома против Лестер (ВИДЕО)

Лестер освои само бод на гостувањето кај Саутемптон (1:1), иако домашните најголемиот дел од мечот го одиграа со играч помалку на теренот.

Со голот од пенал на Ворд-Праус во 61. минута, екипата на Саутемптон успеа и да поведе со 1:0, но радоста краеше кратко, бидејќи само седум минути подоцна гостите преку Џони Еванс успеаја да возвратат за 1:1.

До крајот на мечот Лестер имаше објективно повеќе и од играта и од шансите, но не успеа да дојде до гол за победа. Ова е првото реми за „лисиците“ по серија од 10 последователни меча на кои или победуваа или губеа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk