logo
logo
logo

Саудиски принц го купи Шатору и го постави Марко Симоне за нов тренер

Vecer | 09.03.2021

Саудиски принц го купи Шатору и го постави Марко Симоне за нов тренер

Францускиот второлигаш Шатору официјално има нов сопственик. Тоа е групацијата Абдула Бин Мосад Јунајтед груп, на истоимениот принц од Саудиска Арабија која најави големи промени и голема иднина на овој клуб од централна Франција.

Шатору моментално е при дното во француската Лига 2 со осум бодови оддалеченост од сигурната зона.

Оваа групација исто така е во Шефилд Јунајтед, Бершот во Белгија, Ал Хилал (ОАЕ) и Керала Јунајтед од Индија. Нивните први чекори се поставувањето на Мишел Денисо за нов претседател.

На тренерската позиција е назначен Марко Симоне, поранешниот италијански голгетер и кој досега работеше како тренер на клубови од Мароко. Ова воедно е обединување на Денисо со Симоне. Во 90-тите години Денисо како претседател на ПСЖ го донесе Симоне на „Паркот на принцовите“. Симоне доаѓа на местото на Беноа Кое кој доби отказ.

Симоне нема добро тренерско искуство: Работеше во Монако 250 дена, потоа во Лозана 162 дена, Клуб Африкан 131 ден, Шабаб 110 дена…

Назначен е и нов тренер на голманите, тоа е поранешниот голман на Марсеј Стефан Порато.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk