logo
logo
logo

Саудијците се на чекор да го избркаат Манчини од селекторското место

Vecer | 21.10.2024

Саудијците се на чекор да го избркаат Манчини од селекторското место

Италијанскиот фудбалски стратег Роберто Манчини многу брзо ќе добие отказ од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, пишуваат италијанските медуими, повикувајќи се на локални извори.

Во летото 2023 година, Манчини ненадејно ја напушти италијанската селекција и ја прифати астрономската понуда на Саудијците од околу 30 милиони евра годишно со што стана најплатениот тренер во светот.

Меѓутоа, во Саудиска Арабија ништо не оди според планот. Пред него беше поставена задача да го освои Азискиот куп и да се пласира на следниот Мундијал, а Манчини не ја исполни првата задача, откако доживеа целосен дебакл и беше елиминиран во осминафиналето на Азискиот куп во Катар на почетокот на оваа година.

Саудијците се на второто место во квалификациската група за СП 2026 со пет бода колку што имаат и Австралија и Бахреин. Лидер е Јапонија со десет бода. Како замена за Манчини се споменуваат Аргентинецот Рамон Дијаз и Французинот Ерве Ренар, кои наводно веќе биле контактирани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk