logo
logo
logo

Сампаоли нов тренер на Олимпик Марсеј, клубот има и нов претседател

Vecer | 27.02.2021

Сампаоли нов тренер на Олимпик Марсеј, клубот има и нов претседател

На местото на Андре Виљаш Боаш, за нов тренер на тимот на Олимпик Марсеј е поставен Хорхе Сампаоли. Аргентинецот досега беше на клупата на Атлетико Минеиро, и за тоа овој клуб ќе добие отштета од 650.000 долари.

“Кога ја добив понудата, не се двоумев за момент да ја прифатам. Во светот има тивки места и бучни. Ми се допаѓа ова последново. Марсеј е вистинска страст за луѓето. Сонувам да ги направам среќни и да славам заедно во градот “, рече Сампаоли.

ОМ има и нов претседател на Управниот одбор во лицето на Пабло Лонгорија. Досега тој беше спортски директор на клубот.

„Се подготвувам за овој момент од првиот ден кога влегов во фудбалот“, рече Лонгорија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk