logo
logo
logo

Само Дончиќ го има лекот за Јута (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2021

Само Дончиќ го има лекот за Јута (ВИДЕО)

Јута не успеа да дојде до десетата победа во низа оваа сезона, лидерот во Западната конференција налета на Лука Дончиќ и неговиот Далас.

Словенецот постигна 31 поен, девет скока и осум асистенции во триумфот од 111-103. Од игра имаше 11/26, за три поени погоди шест од 11, додека од линијата за слободни фрлања ги постигна сите. Кај Јута, Конли имшае 28 поени, но тоа не беше доволно да се сопре Далас, кој со скор 27-21 се на седмото место во Западот, на две победи за Портланд. Јута и натаму е прва со 38-12.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=7gwrGASA9So[/embed]

На останатите средби: Бруклин го совлада Њујорк со 114-112, Минесота беше подобра од Сакраменто со 116-106, Оклахома беше подобар од Детроит со 108-132, Сан Антонио беше совладан од Кливленд со 101-125, Торонто – Вашингтон 103-101, Хјустон – Феникс 130-133.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk