Ливерпул уште еднаш го слави својот херој во името на Мохамед Салах. Тој синоќа по којзнае кој пат беше најдобар играч на тимот со голови и асистенции во победата над Тотенхем, а по мечот повторно се освна на неговиот статус и сеуште непотпишаниот нов договор.
„Одлично е да се постигне ова во толку голем клуб, но најважно е што го добивме натпреварот. Каде и да ја завршам кариерата, среќен сум со ова достигнување“, – изјави Салах за Sky Sports па додаде.
“Бевме прилично добри во нападот, во транзиција. Сепак, треба да ја подобриме нашата дефанзивна игра како тим. Тешко е да се примат три гола. Сепак, резултатот е добар и се надевам дека ќе продолжиме понатаму”, изјави Египјанецот во врска со самиот натпревар. .
Салах влезе во историјата на Премиер лигата откако стана првиот играч во историјата на лигата кој забележал двоцифрени голови и асистенции пред Божиќ. Досега Салах има 15 голови и 11 асистенции на 16 првенствени натпревари.
“Не размислував за тоа пред натпреварот, но мило ми е што го направив тоа. Тоа е нешто што ме прави горд. Ќе продолжам да работам напорно”. – рече Салах.