Напаѓачот на Баерн (M), Садио Мане е уште еден чекор поблиску до продолжување на кариерата во саудиски Ал-Наср.
Според последните информации, саудискиот клуб е подготвен на тимот од Минхен да му понуди 40 милиони евра за потпис на Мане, сума која е повеќе од доволна за Германците да се согласат на негова продажба.
Претходно беше објавено дека баварците бараат околу 30 милиони евра за Мане, што значи дека оваа сума е далеку повисока од желбите на управата на германскиот првак. Претходно беше објавено и дека 31-годишниот Сенегалец се согласил на трансфер во Ал-Наср.