logo
logo
logo

Руското чудо се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

Vecer | 16.02.2021

Руското чудо се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

Аслан Карацев и натаму е најголемиот хит на Австралија опен. Како 114. играч во светот, рускиот тенисер се пласираше во полуфиналето во Мелбурн, совладувајќи го Григор Димитров.

Тој оствари победа од 3-1 по сетови 2: 6, 6: 4, 6: 1, 6: 2. По сите квалитети што ги покажа, тој имаше и една олеснителна околност, повредата на Димитров, кој одлучи да игра по лекови, до крај.

Во полуфиналето на Австралија Опен, рускиот тенисер ќе игра со подобриот меѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев, кој е закажан со почеток во 10:30 часот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk