logo
logo
logo

Рубен Аморим: Можевме да го победиме Сити!

Vecer | 07.04.2025

Рубен Аморим: Можевме да го победиме Сити!

Вчера во дербито во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа 0:0. Освоија по бод, но со играта просто разочараа. Сити по обичај имаше поголем посед, но Јунајтед имаше неколку опасни закани и се чини дека беше поблиску до победата.

Тоа го мисли и стратегот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим кој по мечот истакна:

Мислам дека можевме да го добиеме овој натпревар. Се виде дека имавме свои шанси за гол, за победа. Се браневме со ниска блокада, а се обидувавме од контранапади да дојдеме до гол. На тој начин го притискавме Сити на негова половина, а создадовме и неколку шанси. Јасно е дека беме поблиску до гол, бевме поблиску до победа на овој натпревар. Сепак ќе го прифатиме ова реми“ рече покрај другото Португалецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk