logo
logo
logo

Каков ден за фановите на Ливерпул: По Салах, позната е судбината и на Вирџил ван Дајк!

Vecer | 11.04.2025

Каков ден за фановите на Ливерпул: По Салах, позната е судбината и на Вирџил ван Дајк!

Утринава Ливерпул ја сподели најдобрата вест за своите навивачи, го продолжи договорот со Мохамед Салах. По неколкумесечни шпекулации дали ќе остане или ќе замине, Салах реши да потпише нов двегодишен договор со тимот од Енфилд.

Со оглед на тоа што е познато дека Александар-Арнолд на крајот од сезоната заминува во Реал Мадрид, неизвесна е само судбината на Ван Дајк.

Според англискиот весник „Сан“, Холанѓанецот, кој изминатава година се поврзуваше со заминување од Ливерпул, донел одлука.

Актуелниот договор што го има со Ливерпул му истекува во јуни, но според новинарите од Англија, тој се согласил да ја продолжи соработката на две години, исто како и Мо Салах.

Освен новинарите од Англија, истото го тврди и Фабрицио Романо, кој е познат како еден од најдобрите извори кога се во прашање трансферите.

Така, денешниот ден донесе две феноменални вести за сите навивачи на Ливерпул, бидејќи јасно е колку ќе значи останувањето на Салах и Ван Дајк во следните две сезони за сите во овој клуб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk